Вистинското богатство не е во сопственоста над средствата, туку во правото истите да се користат.
- АРИСТОТЕЛ - |
Во изјавата на познатиот грчки филозоф, Аристотел, е содржана основната идеја на лизингот како економска категорија. Со други зборови, не мора да се има сопственост над возилото за истото да се искористува туку доволно е само да се стекне правото за употребување над него во одреден временски период. НАША МИСИЈА И ВИЗИЈА
Намерата и постоењето на Маклеасе се состои во овозможување на лизинг аранжмани од финансиски и оперативен карактер погодни за разни компании, финансиски институции, банки, инвестициони фондови и физички лица. На тој начин го следиме светскиот тренд и веруваме во иднината на лизинг аранжманите како едни од широко распространетите и мошне ефикасни начини на финансирање достапни како за правни така и за физички лица. Како најзастапен модел на финансирање на набавка на возила еднакво применлив е и во развиените и во земјите во развој. Ова посебно е важно за правните лица, бидејќи во пазарни услови на стопанисување без оглед на организационата форма односно дејноста (услужна, трговска или производна) истите се принудени да обезбедат соодветни извори на финансирање на тековните активности. А како алтернативен начин на финансирање при набавка на возилото, без притоа да се трошат сопствени сретства или туѓи со високи каматни стапки крајно исплатлива варијанта за правните ентитети се лизинг аранжманите. Маклеасе, клиентот, го става во центарот на своето внимание со тоа што му обезбедува: - квалитетна услуга, понудувајки му широка лепеза на лизинг аранжмани, финансиски и оперативни, за физички и правни лица за сите марки и модели на возила
- образуван, стручен и љубезен кадар, секогаш подготвен да Ви понуди лизинг договор соодветен на Вашите потреби и можности
- специјализирана грижа за нашите клиенти овозможено преку програмата 24hr ROAD ASISSTANCE каде нудиме целосна подршка на пат и тоа БЕСПЛАТНО
- ефикасно и ефективно извршување на целите и очекувањата на клиентите
- постојано усовршување во секој поглед, раст на компанијата како и непрекинато освојување на пазарот со нови идеи и лизинг аранжмани.
|